МВР

Евакуиран „Сити мол“ во Скопје по дојава за бомба

25.04.2026 20:31

Полициски екипи вршат проверки по закана испратена на електронската адреса на МВР.

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска беше евакуиран откако била примена дојава за поставени експлозивни направи.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, заканата пристигнала преку електронска порака испратена на нивна адреса, во која било наведено дека во објектот има поставено бомби.

Полициски службеници веднаш излегле на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, при што се врши детална контрола на трговскиот центар.

Од МВР велат дека проверките се во тек и апелираат граѓаните да останат смирени и да ги почитуваат насоките на надлежните служби.