Средно образование

Занаетчиските струки најбарани од средношколците

26.04.2026 13:40

Занаетчиските занимања остануваат приоритет и интерес на средношколците. Државата го реформира гимназиското образование во општо, со помалку паралелки. Дуалното бара поголем интерес на компаниите за идните стручни кадри на пазарот на трудот.

Компјутерска техника и автоматика, графичкото дизајнерство, медицинските струки. Ова се занимањата на иднината и барањата на пазарот на трудот. Петте прилепски средни училишта со преку три и пол илјади средношколци се профилирани пред конкурсите за новата учебна година. Гимназиите со реформите се во втор план.

Во прилепската гимназија паралелките се скратени од седум на пет, а оттаму уверуваат дека нема да се намали бројот на учениците. Ќе се бара да остане укинатата паралелка за техничар во дрвната индустрија.

Дуалното образование по германски и македонски модел функционира, ама потребен е поголем интерес на компаниите.

Средното се подготвува за новите профили што ќе му ги понуди на пазарот на трудот.

Елизабета Митреска