Македонија 112-та!
По поразот од Шпанија, македонската фудбалска репрезентација назадување за дури 36 места и сега е на разочарувачкото 112-то на ФИФА ранг листата. Со 286 бода ова е најлошиот рејтинг на нашата селекција и тоа по 117-та позиција пред точно 20 години, кога Македонија беше примена во ФИФА и првпат влезе во системот на рангирање.
Од нашите противници во квалификациите за Европското првенство во 2016-та, само Шпанија е во најдобрите десет и тоа на осмото место. Украина е 24-та, Словачка 40-та, Белорусија 89-та, а нашиот нареден противник Луксембург е на 127-та позиција.

На врвот остана мундијалскиот шампион Германија пред финалистот Аргентина и Колумбија којашто напредуваше на третото место за сметка на Холандија. Во Топ 10 се и Белгија како петта, па Бразил, Уругвај, „црвената фурија“, деветата Франција и Швајцарија.