Македонија
МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје
25.04.2026 21:38
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава.

Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, информираат од МВР.
