Вашингтон

Пукање на вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа – претседателот евакуиран, напаѓачот уапсен

26.04.2026 09:07

Маж вооружен со пушка и ножеви упаднал во лобито пред Гала-вечера со присуство на Доналд Трамп и високи американски функционери. Трамп е итно евакуиран и не е повреден, додека напаѓачот е совладан и приведен.

Маж вооружен со пушка и ножеви, упадна во лобито пред Гала- вечерата за новинари, на која присуствуваа и претседателот Трамп и повеќе високи американски функционери.

Трамп беше итно евакуиран и не е повреден. Агентите на тајната служба го совладаа и го приведоа. Осомничениот за пукањето, кого Трамп го опиша како „болна личност“, е идентификуван како Кол Томас Ален, 31-годишник од Торенс, Калифорнија.

Државниот обвинител Тод Бланш изјави дека наскоро ќе бидат поднесени обвиненија поврзани со нападот, а директорот на ФБИ, Кеш Пател, кој го придружуваше Трамп, рече дека се испитуваат пушка и чаури пронајдени на местото на настанот.