Иран
Аракчи: Треба да видиме дали САД се навистина сериозни во врска со дипломатијата
26.04.2026 11:29
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека за време на неговата „многу плодна посета“ на Исламабад, им ја претставил на пакистанските медијатори „изводливата рамка“ на Техеран...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека за време на неговата „многу плодна посета“ на Исламабад, им ја претставил на пакистанските медијатори „изводливата рамка“ на Техеран, насочена кон трајно завршување на војната со САД и Израел.
„Сè уште треба да видиме дали САД се навистина сериозни во врска со дипломатијата“, напиша иранскиот шеф на дипломатијата.
По разговорите со високи пакистански претставници, Аракчи пристигна во главниот град на Оман, Мускат. Тој треба да ја посети и Москва, на крајот од својата турнеја.
