Чернобил: 40 години од најголемата нуклеарна катастрофа
Чернобил, во тогашна советска Украина беше уништен во серија експлозии. Пожарот гореше десет дена. Радиоактивниот облак стигна и до Балканот.

Денес се навршуваат точно 40 години од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на цивилната нуклеарна енергетика. Чернобил, во тогашна советска Украина беше уништен во серија експлозии. Пожарот гореше десет дена. Радиоактивниот облак стигна и до Балканот.
На местото на несреќата, од 600 присутни работници, 134 примиле високи дози и страдале од болест предизвикана од зрачење. Од нив, 28 починале во првите три месеци. Речиси 8,4 милиони луѓе во Белорусија, Украина и Русија биле изложени на зрачење.
Вкупниот број на смртни случаи директно припишани на Чернобил или очекувани во иднина, проценет е на околу 4.000.
Според извештајот на Гринпис, имало милион смртни случаи, поврзани со катастрофата.
На 8 декември 2016 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која 26 април е прогласен за Меѓународен ден за сеќавање на катастрофата во Чернобил.
Четириесет години по катастрофата, местото сè уште не е безбедно за живот. Се проценува дека погодените области на катастрофата во Чернобил ќе траат уште најмалку 150 години, пред повторно да бидат населени.
