Попов во Вардар!
Обостраната желба е исполнета, Горан Попов е нов фудбалер на Вардар. Откако не беше во прв план во Динамо Киев, Попов успеа да ја раскине соработката со украинаската екипа и да потпише тригодишен договор со седумкратниот шампион на Македонија којшто ќе биде со важнотс од 1 јануари наредната година. Попов потекнува од Беласица, а во интернационалната кариера настапуваше и за АЕК, Црвена Звезда, Одра, Егалео, Левадиакос, Херенвеен и за Вест Бромвич Албион. За македонската репрезентација, левиот бек досега одигра 46 натпревари и постигна два гола.