Естетска медицина

„Евтиното разубавување“ е ризик по здравјето

26.04.2026 13:20

По истрагата за шверц на ботокси и филери, се отвори дилемата за естетските корекции. Тоа повеќе не се само козметички третман, туку сериозна медицинска интервенција, но, ако се прави во немедицински услови, може да има тешки последици. Секоја интервенција мора да биде извршена од лиценциран стручњак и со проверени препарати, бидејќи во трката по убавина, здравјето е она што најскапо се плаќа.

Голем е ризикот кога со помалку пари сакате естетска корекција за разубавување. Пополнувањето со филери или апликацијата на ботокс мора да се изведуваат по строго одредени стандарди, како да се аплицираат, во која количина. А бидејќи станува збор за сериозни интервенции, компликациите, коишто можат да бидат рани или доцни, треба да се мониторираат, да се запишуваат и следат од докторот којшто ги аплицира вели доктор Маја Петановска, доктор по естетска медицина.

Естетската корекција мора да ја изведе стручно лица, не може тоа да се прави во козметички и фризерски студија, вели доктор Стојовски. Уверува дека тоа е исто како доктор да се впушти да работи други дејности за кои не е образуван. Дотолку повеќе што разубавувањето бара познавања од анатомија и справување со евентуални компликации.

Крајната одлука сепак ја носи пациентот и тој треба добро да проучи каде ќе ја изведе оваа корекција. Но, едно е сигурно-неквалитетни и евтини препарати можат да го доведат во ризик лицето кое подложи на корекција.

Фиљана Кока