Евроинтеграции

Собранието во процесот на пристапување во ЕУ

26.04.2026 14:56

Во законодавниот дом продолжи дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во Европската унија. Прашања од граѓаните до политичарите за донесувањето закони по скратена постапка и со европско знаменце, за изборниот модел и уставните измени.

Секој со свое гледање на патот кон Европската унија, во зависност дали е од власта или опозицијата. Граѓаните прашуваа за собраниските тела и процесот на пристапување кон ЕУ, политичарите со меѓусебна жестока реторика.

Не очекувајте ништо од европскиот пат, премиерот рече ќе чекаме ако треба и децении. Не е ништо сработено од реформската агенда, вели првиот човек на социјалдемократите Венко Филипче.

Претходната власт не донесе во ќор-сокак и сега бараме решенија. Добиениот грант од Европската комисија е показател за исполнување на дел од задачите. Опозицијата треба да ни се доближи во интерес на националните интереси, реплицираше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Екс-министерот за надворешни работи Османи укажа дека хрватската власт и опозиција постигнаа договор да не се конфронтираат кога станува збор за членството во ЕУ. Потребно е да се постигне заеднички став за спроведување на ЕУ стандардите, унијата и Брисел се претворени во инструмент на дневна политика-песимистичен е Османи.

Анкетите, беше кажано, укажуваат дека 70 проценти од граѓаните се за влез во Европската унија, но 80 насто се против отворање на Уставот.

Миле А. Ристески