Свет
Зеленски: Русија создава нов ризик од катастрофа
26.04.2026 20:08
Украинскиот лидер бара решителна реакција од меѓународната заедница.

Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Зеленски директно ја обвини Русија дека со своите воени активности создава нов ризик од катастрофа. Украинскиот лидер бара решителна реакција од меѓународната заедница.
И изминатото деноноќие регистрирани напади во повеќе региони. Претседателот на руската Дума, Володин, и министерот за одбрана, Белоусов, пристигнаа во Северна Кореја.
Руските државници присуствуваат на церемонија наречена „Спомен-комплекс и музеј на борбените подвизи на хероите од прекуокеанската воена операција“, посветена на севернокорејските војници кои се бореле со руските сили во конфликтот со Украина.
