Собрание

Комисиска расправа за Законот за пратеници

27.04.2026 08:41

Во собраниската Законодавно-правна комисија, треба да продолжи дебатата за законските измени, со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците. Според информациите, поднесени се над 170 амандмани...

Во собраниската Законодавно-правна комисија, треба да продолжи дебатата за законските измени, со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците. Според информациите, поднесени се над 170 амандмани. По најавите дека треба да се вклучи и експертската јавност, од сдсм велат дека власта почнала да ретерира за носење на законот. Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на познатиот став. Во партиската дебата се вклучи и претседателката.

Според Сиљановска-Давкова постои правна можност за ограничување на двојното државјанство, но покрај за пратениците, тоа треба да важи и за министрите и за претседателот на државата.