Турската „Денпо Груп“ објави двојна инвестиција во Македонија

18.09.2014 15:23

Сопственикот на компанијата, Музафер Полат, објави дека ќе инвестира во изградба на две фабрики во нашата земја, од кои првата е за производство на амбалажа, а втората за производство на мермер...

Владиното роуд шоу носи резлутати. Бизнисмените, заинтересирани за соработка и инвестиции. Турската „Денпо груп“ најави двојна инвестиција.

Сопственикот на компанијата, Музафер Полат, објави дека ќе инвестира во изградба на две фабрики во нашата земја, од кои првата е за производство на амбалажа, со вредност на инвестицијата од 3 милиони долари, а втората е за производство на мермер и мозаици, со вредност помеѓу 2,5 и 3 милиони долари.

„Пред четири месеци ја посетивме Македонија, програмата беше организирана од Инвест Македонија и нејзиниот претставник од Анкара. Ја разгледавме цела Македонија и одлучивме дека ќе инвестираме таму. Планираме да дојдеме со две дејности во Македонија, првата е во секторот на амбалажа и производство. Тоа ќе биде фабрика во вредност од 3 милиони долари. Во првата дејност ќе има 150 вработувања“, изјави сопственикот на Денпо Груп, Музафер Полат.

Тој објави и дека планира префрлање на дел од капиталот на компанијата и отворање на втора фабрика во Македонија за производство на мермер и мозаици.

Владина делегација предводена од премиерот  Никола Груевски, на бизнис форумот во Адана ги презентираше поволностите за водење бизнис во државава.