Одбрана

Завршува вежбата „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак

27.04.2026 08:09

Ова вежба имаше цел да ја оцени борбената подготвеност на декларираната единица на армијата за НАТО операции...

Завршува вежбата „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак со офанзивни операции на лесната пешадиска баталјонска група.Ова вежба имаше цел да ја оцени борбената подготвеност на декларираната единица на армијата за НАТО операции. Оценувањето што го правеше национален тим оценувачи со присуство на НАТО контролори даде оценка дека лесната пешадиска баталјонска група е борбено подготвена за извршување на мисии.

На денот на високи гости на Криволак ќе присуствуваат претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски и претставник на командата на здружени сили на НАТО во Неапол.