Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
27.04.2026 08:02
Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
