БЛИСКИ ИСТОК

Иран одбива да води нуклеарни преговори

27.04.2026 08:19

И Вашингтон и Техеран продолжуваат да упатуваат воени закани...

Шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент дециден, неговата земја нема намера да води нуклеарни преговори со САД. И Вашингтон и Техеран продолжуваат да упатуваат воени закани.

„Немаме намера за преговори со Американците, особено за нуклеарното прашање. Нашата црвена линија отсекогаш била дека збогатувањето мора да се препознае како реалност, бидејќи веруваме во збогатувањето“, изјави Ебрахим Азизи, претседател на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент.

Доналд Трамп истакна дека донел одлука, наместо да испрати делегација во Пакистан на разговори на 17-часовен лет, сепак решил дека има и други начини на комуникација.

„Ги повикав назад нашите луѓе. Летот трае околу 17 часа. Имаме голема почит кон на Пакистан, тие се одлични луѓе. Навистина се добри. Но, знаете, тоа е лет од 17 до 18 часа. Реков, кога ќе се одржи овој состанок? И требаше да биде во вторник, а беше сабота. И реков, повеќе нема да го правиме ова. Ако сакаат да разговараат, можат да дојдат кај нас или можат да ни се јават. Знаете, има телефон“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Економските последици растат два месеца по почетокот на војната. Глобалните испораки на нафта, течен природен гас, ѓубрива и други резерви се нарушени од затворањето на стратешкиот Ормуски теснец.