Македонија

Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Прилеп

27.04.2026 08:32

Николоски заедно со градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски ќе извршат увид во реконструкцијата на улица „Кеј 1 Мај“...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Прилеп.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски заедно со градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски ќе извршат увид во реконструкцијата на улица „Кеј 1 Мај“.