Влада

Премиерот Мицкоски и Љутков во посета на објектот на Универзалната сала

27.04.2026 08:13

Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција.

Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани. Предвидени се изјави за медиумите.