ВАШИНГТОН
Се оправува застреланиот службеник на Тајната служба
27.04.2026 09:26
ФБИ ја продолжува истрагата. Денеска осомничениот напаѓач ќе биде обвинет на Федерален суд за напад врз федерален службеник, пукање од огнено оружје и обид за убиство...

Службеникот на Тајната служба, кој беше застрелан од вооружен маж кој се обиде да влезе во балската сала на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, се опоравува. ФБИ ја продолжува истрагата. Денеска осомничениот напаѓач ќе биде обвинет на Федерален суд за напад врз федерален службеник, пукање од огнено оружје и обид за убиство.
Имено претседателот Трамп, потпретседателот Вен и други американски функционери беа евакуирани откако маж отвори оган по што по брзата реакција на агентите беше приведен.
