Собрание

Продолжува надзорната расправа за спроведувањето на законите и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

27.04.2026 10:18

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го одржи првото продолжение на надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство...

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска треба да го одржи првото продолжение на надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа ќе се обратат Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Ненад Савески, републички јавен обвинител, Даниела Димовска од Основен суд Скопје 1, Бесник Авдија од Основен суд Скопје 2, Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Тона Карева Талеска од Хелсиншки комитет.