САД

Нападнат брод во Тихи Океан

27.04.2026 11:05

Убиени се три лица објави Јужната команда на САД...

Нов воен напад на САД врз брод што превезувал дрога во источниот Тихи Океан. Убиени се три лица објави Јужната команда на САД. Кампањата на администрацијата на Трамп за напад на бродови што тргуваат со дрога во латиноамериканските води трае од почетокот на септември и ликвидираше најмалку 186 лица.

Други напади се случија во Карипското Море. Нападите почнаа неколку месеци пред рацијата во јануари во која беше заробен тогашниот венецуелски претседател Николас Мадуро.