МАЛИ

Мали: Во нападите убиен министерот за одбрана

27.04.2026 12:52

Во саботата, Мали беше погоден од еден од најголемите координирани напади врз неговата армија во главниот град Бамако и неколку други градови...

Министерот за одбрана на Мали беше убиен во напад во кој џихадистите и бунтовниците зазедоа градови и воени бази. Во саботата, Мали беше погоден од еден од најголемите координирани напади врз неговата армија во главниот град Бамако и неколку други градови. Владата претходно не даде бројка на жртви но рече дека најмалку 16 лица се ранети во она што го осуди како тероризам.

„По кукавичките терористички напади што се случија наутро на 25 април 2026 година, автомобил-бомба управуван од бомбаш-самоубиец ја таргетираше резиденцијата на министерот. Тој се вклучи во размена на оган со напаѓачите и успеа да елиминира некои од нив. За време на насилниот судир, тој беше повреден и однесен во болница, каде за жал почина од повредите“, изјави Иса Усман Кулибали, портпарол на владата на Мали.

Сепаратистите со години се борат за создавање независна држава во северниот дел на Мали, додека милитантите поврзани со Ал Каеда и Исламска држава се борат против владата повеќе од една деценија.