Божиновска од UNECE: Одржливото управување со ресурсите е императив
Министерката Сања Божиновска на меѓународен форум порача дека се потребни решителни политики, инвестиции и соработка за сигурна енергетска иднина.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на UNECE Resource Management Week 2026, каде истакна дека одржливото управување со ресурсите е неопходност во услови на глобални енергетски и климатски предизвици.
Таа нагласи дека државата прави значајни чекори во енергетскиот сектор, вклучително и институционално зајакнување и реализација на инфраструктурни проекти, како и зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Божиновска посочи дека клучна улога има и меѓународната соработка, оценувајќи дека само преку партнерства и заеднички политики може да се обезбеди одржлива и сигурна енергетска иднина.
Со учеството на форумот, Македонија ја потврдува својата посветеност кон енергетска транзиција и активна вклученост во глобалните процеси за справување со климатските предизвици.
