Известувачот Вајц бара спроведување на реформите
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц бара земјава да ги спроведе реформите. Тој во интервју за Еуроњуз – Бугарија рече дека ќе му биде жал ако не се искористи можноста што е создадена сега за приклучување во ЕУ и предупреди дека не се проблем само уставните измени, туку и неостварената реформска агенда.

Уставните измени остануваат услов за почеток на преговорите со Европската унија, информира известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за бугарски медиум.
Тој тврди и дека во последнава година, не се забележува суштински напредок во спроведувањето на реформите.
Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пак со порака, Европската унија треба да оценува согласно копенхашките критериуми, онака како што НАТО оценува согласно стандардите.
Додава дека доколку Македонија беше оценувана согласно копенхашките критериуми, оценката ќе беше многу поинаква. Таа потсети и дека клучните документи на Европската унија бараат почитување на националните и културните идентитети, дигнитети и интегритети.
Давкова информира и дека во телефонскиот разговор со новиот бугарски премиер Борис Радев, била искажана подготвеност за разговори. Според неа, фактот што Радев има стабилна влада, е олеснителна околност.
Марија Котовска
