МВР

Посебен режим на сообраќај во Скопје во среда поради посета на претседателот на Швајцарската конфедерација

27.04.2026 15:18

Во официјална посета на Р.С. Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен...

На 29.04.2026, во официјална посета на Р.С. Македонија ќе присуствува претседателот на Швајцарската конфедерација, Н.Е. г-дин Ги Пармелен.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

Се апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.