Бензините поскапуваат, дизелот поевтин
Горивата од полноќ со нови цени. Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува. Власта уверува дека ситуацијата е под контрола, со ОКТА ќе се продолжува за продолжување на попустите и во мај. Бизнисот порачува дека ако има потреба ќе бара таргетирани мерки.

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините поскапуваат за 2 денара по литар. Регулаторната комисија ја направи пресметката. Намалување од 1 денар има и кај екстра лесното масло за домаќинство, а мазутот бележи благо зголемување. Владата уверена дека ситуацијата е стабилна, нема да се ограничува точењето горива.
И додека опозицијата критикува дека мерките се недоволни, стопанството е во грч поради ценовната нестабилност. Според претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ако кризата се продлабочи, бизнисот од Владата ќе бара таргетирани мерки.
Развојот на ситуацијата постојано се следи, вели стопанството. Приоритет треба да имаат извозниците кои се директно погодени.
Македонските компании кои се постојано присутни во Стопанската комора, се подготвени на се, велат бизнисмените, очекуваат стабилизација на ценовните потреси.
Борис Грујоски
