Проширување на забраната за двојно државјанство
Премиерот Мицкоски нема против ограничувањето на двојното државјанство, освен за пратениците, како што се предлага, да важи и за членовите на владата и за претседателот. И покрај заканата од СДСМ дека може да го напуштат Собранието ако се укине техничката влада, Мицкоски дециден – не очекувам да има политичка криза...

СДСМ критикува, премиерот Мицкоски негира. Додека опозицијата тврди дека власта бега од законот за пратеници да се без двојно државјанство и истото решение да се примени на министри и останати функционери, премиерот Мицкоски со директен одговор - немам проблем со тоа, ако позитивно се изјаснат правните и уставните експерти.
Околу критиките на СДСМ за укинување на техничката влада, Мицкоски вели, тие самите велат дека се цврсти и реконструирани, дека ќе ги добијат следните избори, што значи дека техничка влада ќе нема кога ние ќе бидеме во опозиција.
И шефот на владата ја критикуваше опозицијата. Додека тие беа на власт ниту здравството, ниту образованието не го подобрија. Единствено неколкумина од голтари станаа милионери и повторно сакаат истото да го сторат.
Миле А. Ристески
