Одбрана

Успешно спроведена вежбата „Блесок 26“

27.04.2026 18:36

Ден за високи гости на армискиот полигон „Криволак“, каде се одржа вежбата „Блесок 26“. Оценето – армиската единица за НАТО-операции е борбено подготвена за извршување мисии.

Заврши вежбата „Блесок 26“ со офанзивни операции на лесната пешадиска баталјонска група. Декларираната единица на Армијата за НАТО-операции по оценувањето на националниот тим и контролорите од НАТО доби оценка – борбено подготвена за извршување на мисии.

Северна Македонија е стабилен и доверлив сојузник, а со зголемување на воениот буџет и подготвеноста на единиците придонесува за безбедноста во овие кризни времиња, оценија од Здружената команда на НАТО во Неапол.

Лесната пешадиска баталјонска група ги демонстрираше врвната подготвеност и интероперативност со сојузниците, способностите и обученоста според НАТО-стандардите, укажа министерот за одбрана.

Оценувањето на лесната пешадиска баталјонска група се прави на секои 4 години како мерило за борбената подготвеност на единицата за НАТО мисии.

Ирина Гелевска