Муцунски реферираше пред пратениците
Шефот на дипломатијата Муцунски реферираше за надворешната политика пред пратениците. Повика да се постигне национален консензус за прашањата кои се клучни за евроинтеграцијата. Опозицијата праша – дали сме сега поблиску или подалеку од Брисел.

Надворешната политика не треба да биде предмет на дневно политички пресметки, туку да се води врз основа на консензус и јасни стратешки цели. Консензусот не е луксуз туку предуслов – истакна шефот на дипломатијата Муцунски на седницата на собраниската комисија за надворешни работи на која го елаборираше извештајот за работата и резултатите од ресорното министерство. Посочи дека активно комуницираме со земјите членки со цел да ја појасниме својата позиција и да обезбедиме фер и медиократски пристап во процесот на интеграциите.
Халил Снопче од Алијанса за Албанците со прашање дали изминативе две години сме поблиску до Европската Унија од претходно, посочувајќи на изјавата на премиерот Мицкоски кој категорично одбива Уставни измени.
Муцунски со став „Одговорот е да“. со реформскиот процес технички сме многу поусогласени со европските стандарди, иако може и треба повеќе. Политички, пак односите со источниот сосед и понатаму се предизвик за дипломатијата. „Бараме критериум, не билатерализација на процесот“-појасни министерот. Според него односите со Грција имаат позитивна динамика.
Екс-премиерот Ковачевски, пак, побара демистификација на планот на Владата за обезбедување на дополнителни финансиски средства од странство.
Муцунски пред пратениците ги истакна стратешките партнерства со Обединетото Кралство и продлабочената соработката со САД во областа на енергетиката и безбедноста.
Марина Стојанова- Тонева
