Справување со семејното насилство
Трагедијата во Тафталиџе ги размрда институциите. Засилено се постапува во случаите на семејно насилство. Се охрабрија и жртвите, па бројот на пријави е зголемен. Во Собранието продолжи надзорната расправа – се проверува како функционира системот, но и каде се потфрла.

Секој ден во полициските станици изминативе 8 години стигнувале по 15 повици, сигнали за семејно насилство. Последиците не се превенирани зашто немаме системски решенија, истакна министерот за внатрешни Панче Тошковски. Најави реформи за превенција на овој тип насилство.
Треба да се размисли за интервенција во кривичниот законик, потребно е следење на сторителите на овој вид кривични дела, рече Државниот јавен обвинител
Жртвите не знаат кои сè институции можат да им помогнат. За 8 години на Клиниката за гинекологија во центарот основан за поддршка на жртви на насилство се пријавени 45 жртви.
Минатата година се убиени 11 жени, годинава за само 4 месеци има 5 жени – жртви на семејно насилство.
Наташа Јанчиќ-Менковски
