Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
28.04.2026 08:14
Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
