Кривичен суд
Ново рочиште со завршни зборови за обвинетиот Стојанче Јовановски
28.04.2026 08:28
Јовановски одговара за три кривични дела, телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство...

Во Скопскиот кривичен суд ново рочиште со завршни зборови за обвинетиот Стојанче Јовановски. Тој одговара за три кривични дела, телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.
Обвинителството тврди дека тој во континуитет со години психички и физички ја малтретирал сопругата што довело до трагичен епилог. Неговата сопруга Ивана си го одзеде животот, а во смрт ја поведе и нивната шестгодишна ќерка.
Во доказната постапка, обвинителката прикажа снимки од мигот на трагедијата, но и од она што претходело.
