Собрание

Пред собраниската Комисија за транспорт извештаи на неколку регулаторни тела

28.04.2026 08:32

На дневен ред на Комисијата се минатогодишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година, на Агенцијата за електронски комуникации, на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Агенцијата за пошти...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска на седница ќе расправа за годишните извештаи на регулаторните тела за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронските комуникации и железничкиот и поштенскиот сектор.

На дневен ред на Комисијата се минатогодишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година, на Агенцијата за електронски комуникации, на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Агенцијата за пошти.