Избор на ректор на УКИМ
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на универзитетот кои се во единствениот избирачки список, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати – Биљана Ангелова и Дарко Данев.

Избори за ректор на универзитетот Св. „Кирил и Методиј“. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на универзитетот кои се во единствениот избирачки список, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати – Биљана Ангелова и Дарко Данев.
Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од економскиот институт, а проф. д-р Дарко Данев е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет.
Се кандидираа на огласот за мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029. Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени до вечер.
