Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С. Македонија на ул. „11 Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство

Денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С. Македонија на ул. „11 Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Се апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
