Продолжуваат интензивните руски напади низ Украина
Две лица загинаа во Сумиската област, додека најмалку 14 беа повредени во Одеса, вклучувајќи и деца. Во исто време, украинските сили возвраќаат на руска територија...

Руската војска продолжува со интензивните напади низ цела Украина. Две лица загинаа во Сумиската област, додека најмалку 14 беа повредени во Одеса, вклучувајќи и деца. Во исто време, украинските сили возвраќаат на руска територија.
Според соопштението од прес-службата на нуклеарната централа Запорожје, еден вработен е убиен во напад на украински дрон врз транспортната работилница на електраната.
Киев ја обвинува Москва дека ја користи електраната за воени цели, додека Меѓународната агенција за атомска енергија вели дека ќе ги испита околностите на инцидентот.
Руските безбедносни служби објавија дека спречиле напад врз рафинерија во регионот Коми.
