Врвни доктори од САД ќе работат со македонските колеги
Во моментов 200 американски лекари специјалисти се пријавиле да дојдат во земјава и да работат со македонските колеги...

12 американски лекари специјалсти го пренесуваат своето знаење на колегите во Македонија. Педијатри, анестезиолози, специјалист за детски боелсти, кардиологија, васкуларна и абдоменална хирургија работат на тренинг и обука. Пет од лекарите кои години наназад го третираат аутизмот се сретнале со родители чии деца имаат аутизам. До карјот на годината вкупно 50 специјалности од САД ќе дојдат во земјава.
„Тоа помага сериозно на докторите да ги намалат ризиците во вршење на опрациите, да видеват нова метода, понапредна техника. Она што го имаме како повратен одговор од лекарите дека прокетот е многу корисен за нив бидејќи совладуваат техники кои се најнови и се користат во САД“, рече Никола тодоров, министер за здравство.
Во моментов 200 американски лекари специјалисти се пријавиле да дојдат во земјава и да работат со македонските колеги, рече министерот Тодоров. Изминативе 2 години околу 60 лекари од САД работеа на скопските клиники, во болницата 8 Сепетмеври како и во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово.
Наташа Јанчиќ
