САД

Напаѓачот на гала вечерата обвинет за атентат врз претседателот

28.04.2026 14:03

Маж од Калифорнија се терети обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. 31-годишниот Кол Томас Ален беше обвинет и за два прекршока со огнено оружје...

Маж од Калифорнија се терети обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. 31-годишниот Кол Томас Ален беше обвинет и за два прекршока со огнено оружје. Пред судот во Вашингтон се соочува со доживотна казна затвор ако биде прогласен за виновен.

„Ќе има дополнителни обвиненија како што продолжува оваа истрага. Но, немојте да се залажувате. Ова беше обид за атентат врз претседателот на соединетите американски држави, при што обвинетиот јасно стави до знаење каква била неговата намера. А таа намера беше да собори што е можно повеќе високи функционери во кабинетот. Ова е ситуација што не можеме да ја толерираме“, изјави Жанин Пиро, обвинителка, САД.

Имено, во хотел на вечерата со новинарите од Белата Куќа маж застрела агент на Тајната Служба, но не беше сериозно повреден. Во пронајден манифест тој јасно истакнал дека цели на високи функционери во администрацијата.