Кралот Чарлс Трети во официјална посета на САД
Според британските медиуми, целта на престојот на кралот во САД е да ги стабилизира односите кои се разнишани од почетокот на војната во Иран...

Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила се во официјална посета на САД до 30-ти Април. Посетата следува во момент кога трансатлантските врски се под притисок, а безбедноста е во центарот на вниманието.
Според британските медиуми, целта на престојот на кралот во САД е да ги стабилизира односите кои се разнишани од почетокот на војната во Иран.
Шефот на Белата куќа досега оствари две државни посети на Обединетото Кралство – за време на неговиот прв мандат, беше пречекан од кралицата Елизабета Втора, а во вториот мандат, кралот Чарлс организираше банкет во чест на Трамп во замокот Виндзор изминатата есен. Ова е прва службена посета монархот на САД откако беше крунисан на 6 мај 2023 година.
Кралот Чарлс и претходно престојувал во САД, но со титулата принц од Велс.
