Посета

Швајцарскиот претседател Ги Пармелан во официјална посета на Македонија

28.04.2026 20:43

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Предвидени средби на највисоко државно ниво.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе го пречека претседателот на Швајцарска Конфедерација, Ги Пармелан, кој пристигнува во официјална посета на земјава.

Швајцарскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, по што ќе следи и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Во рамки на посетата, претседателот Пармелан ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Посетата се очекува да придонесе за зајакнување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.