Изборот за нов ректор на УКИМ во тек, резултатите ќе бидат познати вечер
Во тек е тајното гласање за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде наставно-научниот кадар избира меѓу Биљана Ангелова и Дарко Данев. Резултатите од изборот се очекуваат да бидат објавени до вечерва.

Во тек е изборот за ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на универзитетот кои се во единствениот избирачки список, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избира помеѓу двајцата кандидати, Биљана Ангелова и Дарко Данев.
Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат, е кадар од Економскиот институт, а Дарко Данев е редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет.
Се кандидираа на огласот за мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029. Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени до вечер.
