Трипуновски: ИПАРД средствата повторно достапни за македонските земјоделци
Министерот Трипуновски рече дека ЕУ најавува дополнителни мерки за развој на стопанството. ИПАРД 3 програмата од 2021 – 2027 има предвиден буџет од околу 97 милиони евра.

Одблокирани парите од ИПАРД програмата наменети за развој на македонското земјоделство. Министерот Трипуновски рече дека ЕУ најавува дополнителни мерки за развој на стопанството. Тоа што го направи претходниот директор на платежната Агенција ќе биде санкционирано.
Средствата од ИПАРД беа привремено стопирани, по аферата во Агенцијата и апсењата на директорот Илија Стоилев и четворица други осомничени. Обвинителството оформи предмет и го сомничи Стоилев дека примил поткуп од 50.000 и работел незаконски.
ИПАРД 3 програмата од 2021 – 2027 има предвиден буџет од околу 97 милиони евра. Овие средства се распоредени по различни мерки, за инвестиции во земјоделски стопанства, во преработка и маркетинг, диверзификација на рурални бизниси, техничка помош, локален развој.
Борис Грујоски
