Лани во државава регистрирани 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход
Контролите засилени, ризиците и натаму постојат. Загрижувачки податоци на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Градежништвото и индустријата земаат најмногу жртви…

Светскиот ден за безбедност при работа во сенка на неодамнешната трагедија на градилиштето во Кисела Вода, каде животот го загуби градежен работник, а четворица беа повредени. Од Синдикатот за градежништво бараат институционална одговорност.
Лани се регистрирани 132 несреќи при работа, од кои 31-на со смртен исход, покажува извештајот на Македонското здружение за заштита при работа. Директорот на ДИТ вели дека бројот на жртви е намален, а бројот на контроли е зголемен за 20 насто. И покрај тоа, инспекциските контроли ги вршат околу 120 инспектори.
Несреќата може да се спречи ако има навремена обука, контрола и одговорност.
Социјалниот и општествениот раст одат рака под рака со економскиот, истакна Александру Албу - советник на делегацијата на ЕУ во МК. Психосоцијалните услови влијаат на продуктивноста, а таа пак на растот.
Најризични сектори остануваат преработувачката индустрија и градежништвото, каде што се бележат најголем број повреди. Следуваат јавната администрација, услужните дејности и транспортот.
Александра Велинова
