Македонија и Турција- успешна економска приказна
Македонија е близу до европскиот пазар, а Владата и администрацијата размислуваат како бизнисот и нудат решенија за деловните проблеми, порача бизнисменот Алтан Чургелиќ...

Македонија и Турција градат успешна економска приказна. Бизнисмените од Адана се заинтересирани за соработка и за инвестиции. Премиерот Груевски на бизнис форум во Адана ги отвори картите. Хендикепот на мал пазар е надминат со бројните договори за слободна трговија, не само со ЕУ туку и со ЕФТА, Украина и со ЦЕФТА.
Институциите и администрацијата се подготвени да помогнат, а даночната политика е во функција на олеснување на инвестирањето во домашната економија .
„Ако бевме претходно мал пазар од 2 милиони потрошувачи, со сите овие договори за слободна трговија, секој еден што произведува во Македонија и сака да извезе, тој може да извезе на пазар од 660 милиони потрошувачи, без плаќање на царини“, нагласи премиерот Никола Груевски.
Македонија е близу до европскиот пазар, а Владата и администрацијата размислуваат како бизнисот и нудат решенија за деловните проблеми, порача бизнисменот Алтан Чургелиќ.
„Сум контактирал со многу Влади, од повеќе држави за инвестирање. Македонија е добра затоа што е близу до Балканот и до Европа, а македонската Влада нуди повеќе од другите земји. Сум бил и во Бугарија, Србија, Хрватска и цела сверна Европа,во Македонската Влада и администрацијата се брзи и размислуваат како бизнисмени и ги знаат нашите проблеми за кои нудат решенија“, изјави Чургелиќ.
Ги прифативме сите препораки на компаниите и ги елиминиравме непотребните административни бариери. Бизнис климата е подобрена и пријателски насочена кон инвеститорите, порача министерот Бил Павлески.
„Кога ќе дојдете вие како инвеститори во Р. Македонија ви обрнуваме детално внимание. Ви овозможуваме да влезете во самиот систем без никакви проблеми, посебно бирократските проблеми што може да ги имате во други земји, значајно се намалени во Република Македонија“, истакна министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.
Следна дестинација на владиниот економски тим во Турција е индустрискиот центар Мерсин.
Свето Николовски
