Политика

Реакции од партиите за измените во Изборниот законик и укинувањето на техничката влада

28.04.2026 17:11

„Се разговара за сите опции, но засега остануваме на тоа дека СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот закон ако се укине техничката влада“ – Филипче го прецизира ставот на партијата. Од ЗНАМ, пак, има забележаа на социјалдемократите на конфузност и предупредија на сценарио за напуштање на Собранието од страна на пратениците на СДСМ.

СДСМ не ја напушта работата на Собранието, но ги разгледува сите демократски мерки кои можат да бидат преземени вели првиот социјалдемократ Филипче. Нивните членови излегуваат само од работната група за Изборниот законик, во знак на револт поради постапката за укинување на техничката влада.

Филипче вели власта не прави ништо за реформската агенда и планот за раст, а со тоа се укинуваат европските фондови. Негира дека партијата е разединета.

Ваквата реакција на Филипче доаѓа откако помалиот партнер во владата знам рече дека во СДСМ владее сериозна конфузија, некоординираност и раскол, затоа што различни партиски функционери даваат различни изјави околу партиските чекори, незадоволни од укинувањето на техничката влада.

Со изјавите на социјалдемократите се тестира јавноста за понатамошните чекори, велат во „Знам“, од делумна блокада до порадикални сценарија.

Миле А.Ристески