Косово

Парламентот во Косово без кворум за избор на претседател

28.04.2026 19:01

Пропадна обидот за избор на претседател поради недостиг на кворум во Собранието во Косово. Присуствуваа само 64 пратеници, недоволно за гласање, додека опозицијата ја бојкотираше седницата.

Косово влезе во нов политички ќорсокак, откако пропадна обидот за избор на претседател поради недостиг на кворум во Собранието.

Присуствуваа само 64 пратеници, недоволно за гласање, додека опозицијата ја бојкотираше седницата.

Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за блокадата. Ако до денеска не се избере претседател, парламентот автоматски се распушта и следуваат предвремени избори во рок од 45 дена.