Македонија

Доживотен затвор за убиецот на Борјанка Николова од Штип

28.04.2026 15:50

Основниот суд во Штип му изрече казна доживотен затвор на 74 годишниот Денис Асанов од Штип, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Ова злосторство ја потресе јавноста откако делови од телото на жртвата беа пронајдени закопани во дворот на Асанов. Ова е трета доживотна затворска казна за фемицид во Основниот суд во Штип од минатата година до сега.

Доживотна затворска казна изрече Основниот суд во Штип на 74-годишниот Денис Асанов на кого му се судеше за фемицид, односно убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Виновен е за убиство со умисла, а делото го извршил во неговиот дом

Асанов пред судот се изјасни дека е невин, но Обвинителството ја докажа неговата вина. Настанот се случи во октомври минатата година.

Во февруари годинава на доживотен затвор беше осуден Стојанче Зарков кој ја усмрти својата 84-годишна мајка, а во февруари минатата година за фемицид доживотна казна доби Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.

Славица Величковска