Собрание

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница на Собранието

29.04.2026 08:06

Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна седница на Собранието...

Законските измени за укинување на техничката влада и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците со чии измени се предлага пратениците да имаат само едно државјанство, се на денешната 98. пленарна седница на Собранието.

Пратениците на денешната седница ќе дискутираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за изменување на Законот за внатрешната пловидба, сите по скратена постапка.