Иран тврди дека војната не е готова
Портпаролот на иранската армија тврди дека Исламската Република не смета оти војната со САД и Израел е завршена и дека ја ажурирале базата на податоци за цели ...

Портпаролот на иранската армија тврди дека Исламската Република не смета оти војната со САД и Израел е завршена и дека ја ажурирале базата на податоци за цели, за време на прекинот на огнот. Во исто време истакнато е дека поморските сили го контролираат источниот дел од Ормускиот теснец, додека Револуционерната гарда е одговорна за безбедноста во западниот дел.
„Не сметаме дека војната е завршена, од денот кога војната заврши, или со други зборови, имаше прекин на огнот или тишина на бојното поле. Бидејќи немаме доверба во Америка и нашите непријатели. Како што и секогаш правевме за време на војната, вложивме сериозни напори да ги ажурираме нашите цели“, изјави бригаден генерал Мохамад Акрами Ниа – портпарол на иранската армија.
Американските сили запреа трговски брод во Арапско море поради сомнеж дека се обидел да доплови до Иран, кршејќи ја блокадата на иранските пристаништа, соопшти Централната команда на Оружените сили на САД. Досега 39 бродови се пренасочени за да се обезбеди почитување на блокадата.
