Иран

Зеленски: САД се зафатени со војната во Иран

29.04.2026 09:43

САД се премногу зафатени со Иран за да се фокусираат на војната во Украина, истакна Зеленски, додавајќи дека неговиот тим е во постојан контакт со американските партнери...

САД се премногу зафатени со Иран за да се фокусираат на војната во Украина, истакна Зеленски, додавајќи дека неговиот тим е во постојан контакт со американските партнери за да се осигури дека ги разбираат и ризиците и перспективите.

„Разбираме како војната во Иран влијае на начинот на размислување на американскиот тим. Американците се фокусирани на нешто друго – не на оваа војна тука во Европа. Европа има помала моќ врз Русија, но ние имаме свои задачи. Украинскиот тим е во постојан контакт со американските партнери за да се осигури дека ги разбираат и ризиците и перспективите“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Рускиот претседател пак, предупреди за акти на саботажа и тероризам пред есенските избори во анексираните региони.

„Знаеме дека и режимот во Киев и неговите поддржувачи прибегнаа кон отворено терористички методи. Причините се очигледни, јасни за сите. Непријателот не е во можност да го запре напредувањето на нашите трупи, нашите луѓе, по линијата на фронтот. Тие губат територија секој ден. Оттука тероророт против војската и против цивилите, со надеж дека ова ќе промени нешто“, изјави Владимир Путин – претседател на Русија.

На фронтот борбите продолжија и изминатото деноноќие.